Еве како да се справите со акните на задникот и задниот дел од нозете: Не е ништо комплицирано!

Овие израстоци се непријатни, но можете лесно да го решите проблемот

Се борите со акни на задникот и задниот дел од нозете? Верувајте дека не сте единствени.

Тие се формираат од мртвите клетки на кожата и бактериите во фоликулите, исто така жените кои се физички активни се најмногу склони кон нив. Сепак, добрата вест е дека можете да се ослободите од нив, како и да го спречите нивното формирање, а еве како.

За да ги искорените овие непријатни израстоци, користете гел за туширање кој содржи бензоил пероксид. Оваа состојка ги суши и ги елиминира мртвите клетки кои го затнуваат фоликулот.

Користете лосион за тело со млечна киселина. Иако можеби мислите дека користењето лосион за тело во овие случаи може да биде контрапродуктивно, всушност е обратно.

Млечната киселина делува како нежен пилинг кој ги отстранува мртвите клетки од кожата, па може да ви помогне да ги отстраните акните од проблематичната област.

Туширајте се веднаш по вежбањето. Облеката натопена во пот е вистински „рај“ за развој на бактерии кои влијаат на појавата на акни на задникот. Исто така, кога се туширате, најдобро би било да користите сунѓер за туширање, бидејќи може да ви помогне што поефикасно да ја отстраните потта, бактериите и мртвите клетки од површината на кожата. Секако, не заборавајте да го измиете и исушите сунѓерчето по употреба.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.