Совети за првиот одмор со новиот член на семејство: Што треба да содржи патната аптека и кои се симптомите што бараат лекарска грижа

Бидете подготвени!

Родителите што го имаат своето прво дете се загрижени за ова нивно прво искуство на патување со бебе. Се грижат за тоа кога е најповолно време за планирање на летниот одмор, на која минимална возраст на бебето и како промената на средината ќе влијае на нивните деца. Затоа, на многумина дури и самото планирање на патувањето им задава главоболки и предизвикува стрес.

Бидејќи децата се многу чувствителни, може да доживеат здравствени проблеми, кои престојот на море, езеро, река, планина го претвораат во непријатно искуство.

Вистинско време. Бебињата може да се носат на море кога ќе наполнат три месеци. Идеални месеци за одење со бебе на море се јуни и септември. Тогаш надворешните температури не се толку високи, а плажите не се преполни.

Мора да имаме на ум дека за време на престојот на море сѐ ќе треба да се приспособи на бебето, вклучувајќи го и одењето на плажа.

На плажа треба да одите наутро до 10 часот и попладне од 17 часот. Периодот од 10 до 17 часот треба да се искористи за ручек, спиење или пауза во „дебела“ сенка. Престојот на море е пријатен за најмладите, бидејќи им го зајакнува имунитетот со складирање витамин Д.

Исто така, доколку бебето има проблем со егзема или респираторен тракт, морето е добра превенција од тоа.

Основни подготовки

За да одите на одмор со деца, прво треба да ги подготвите нервите, а потоа доброто расположение и трпеливоста.

Два-три дена пред и за време на летниот распуст, на детето треба да му се даде пробиотик, за да се спречат проблеми со дигестивниот тракт поради промени во околината, водата, храната… За време на патувањето, почесто правете паузи и пијте доволно течности.

Патна аптека

Во „патната аптека“, покрај пробиотици, треба да понесете и средство за рехидратација, сируп против температура и дел од препаратите против убоди од инсекти.

Но поради промените во водата, исхраната, санитарните и климатските услови при патување, може да се појават стомачни проблеми и дијареја. Таа најчесто се јавува поради консумирање храна или вода што е различна од онаа на која детето е навикнато дома. Понекогаш храната и водата на патувањата се контаминирани со одредени бактерии, што може да биде и причина за дијареја кај патниците.

Малите деца се многу чувствителни и особено склони на патничка дијареја, бидејќи сè уште немаат целосно развиен имунитет, па нивниот стомак обично реагира кога се во различни климатски и/или санитарни услови.

За среќа, пробиотикот за патување може да ги спречи овие непријатности и да дозволи вашиот одмор да помине непречено.

Особено внимавајте ако патувате со многу мали деца, кои немале можност често да бидат изложени на промени на условите во кои живеат. За да избегнете чувствителни стомачни тегоби, почнете да му давате на вашето дете пробиотик три дена пред патувањето. Продолжете со секојдневната терапија во текот на целото патување и завршете ја три дена откако ќе се вратите од одмор.

И не заборавајте, сите пробиотици не се исти и немаат иста улога. Најдобро е за вашите деца да користите препарати што содржат пробиотски бактериски култури што се нормални жители на човекот.

За бебињата и малите деца најдобро би било да користите млечнокислеински бактерии или, попрецизно, Lactobacilus Reiteri Protectis, позната како „добра бактерија од мајчиното млеко“.

СИМПТОМИ ЗА ЛЕКАРСКА ГРИЖА

Постојано повраќање

Зголемена температура (над 39°C)

Појава на крв во столицата и тешка дијареја

Сува уста и плачење без солзи

Замор

 

Без разлика дали патувате во лето, зима, на авантура за селски викенд надвор од сезоната или истражувате далечна егзотична дестинација, патувањето со деца е фантастична можност да создадете бесценети семејни спомени што ќе ве зближат за цел живот.

Текст: Bio Gaia

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.