Најчестото женско име во регионот: Го носат сите генерации и застапено е ширум светот, а еве што симболизира!

Дознајте!

Името Јована има посебно значење, а застапено е ширум Македонија и светот и важи за едно од најпопуларните

Одбирањето име за новороденчето е една од најубавите задачи на речиси секој родител. Повеќето од нив веќе однапред имаат подготвено список на разни имиња, додека сè почесто се следат и трендовите.

Меѓутоа, едно име со генерации им се дава на девојчињата и би можело да се каже дека е едно од најпопуларните во Македонија. Станува збор за името Јована, кое има посебно значење.

Се смета дека е изведено од машкото христијанско име Јован или Иван, односно тоа е и верзија на името Ивана.

Ова женско име спаѓа во групата христијански имиња и значи „онаа што му е драга на Бог“, „онаа што Бог ја сака“, „од Бог испратена“, но и „онаа на која Бог ѝ се смилувал“.

Во народот постои верување дека женските деца што го носат ова име се предодредени за голема среќа и успех во животот, бидејќи ѕвездите им се наклонети. Исто така, според старите верувања, девојчето што го носи ова име ќе има ведар дух, брзо ќе учи и ќе биде сакана.

Варијации на ова име се застапени ширум светот на разни јазици, а најпознати се Џејн, Јохана, Џоана, Јанис, Џована, Џоан, Џина, Џенина

Девојчиња со ова име може да сретнете и низ целиот регион, а најмногу во Македонија и во Србија.

Дали знаете кое е најчестото женско име во светот: Во 15 век било забрането бидејќи се сметало за проклето!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.