Ѝ кажале дека носи петорка, но таа родила десет деца: Лекарите останале во шок, а сопругот не можел да им поверува на очите!

Неверојатно!

Жена од Јужна Африка станала новата рекордерка кога минатата недела донела на свет 10 деца

Тамара Ситхол (37) родила десетка, иако ѝ било кажано за време на бременоста дека во стомакот носи пет бебиња. Гинеколозите и сопругот се шокирале кога виделе колку деца се родиле.

Селото Тембис од пределот Преторија во Јужна Африка од оваа недела е место што со златни букви е запишано во Гинисовата книга на рекорди.

Иако никому не му е јасно како на гинеколозите можело да им се случи ваков превид, со оглед на тоа што кратко пред породувањето виделе пет деца на ултразвукот, Тамара не се грижи премногу за тоа.

https://twitter.com/AdvoBarryRoux/status/1402193715561701376?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1402193715561701376%7Ctwgr%5Ea7dd123efd4033a4eb826fcf5e97ab20f9073f38%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fstil.kurir.rs%2Fporodica%2F189789%2Fzena-oborila-rekord-kada-je-rodila-desetorke

Таа пресреќна лежи во болница во Преторија опкружена со новинари, бидејќи само што ја надминала жената од Мали која минатиот месец донела девет деца на свет.

Јужноафриканските медиуми веќе ја нарекуваат Тамара „мајка на десетка“, а таа само срамежливо се смешка и вели дека Бог ѝ го разубавил животот со оваа одлука.

„Ова е Божјо чудо. Не ни претпоставував дека имам десет деца во стомакот. Кога започнавме со царскиот рез, само се помолив сè да биде во ред“, рекла Тамара која непосредно пред породувањето го додала мајчиното име пред своето за спомен, со оглед на тоа што жената починала на почетокот од годината.

Сопругот Тебохо признал дека веќе два дена е пијан од среќа. Рекол дека се чувствува како „Божјо одбрано дете“:

„Тоа е чудо што го ценам“, пренесува Би-Би-Си.

Мајка на три деца трпела страшни болки 12 месеци, а докторите ѝ кажале дека е анксиозна: На породувањето сите се шокирале!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.