Винарија Сковин Група со новата берба ја продолжува вековната традиција на производство на вино од уникатните Скопски лозови насади

Винаријата Сковин Група продолжува една уникатна приказна со создавање на врвни вина, почитување на традицијата и негување на љубовта кон виното

Винаријата Сковин Група, најновата странска инвестиција во винската индустрија во нашата држава оваа година ја започна бербата 2021 со грозјето Шардоне од лозовите насади лоцирани во Марков Манастир.

Винарија Сковин Група располага со 600 хектари на лозови насади, а оваа година ја почнува бербата со Chardonnay од кое се очекува доста квалитетно вино.

„Оваа година беше напорна и многу тешка за сите во винската индустрија, но почетокот на оваа берба која очекуваме да биде исклучително квалитетна, дава надеж за продолжување на приказната за вековната традиција на производство на вино од нашето Скопското виногорје. Сигурни сме дека оваа берба ќе биде плодна и нашата визба ќе продолжи со производство на високо квалитетно македонско вино“, велат од винарија Сковин Група.

Оваа винарија која датира од 1979 година и е првенец во производство на домашно вино од Скопскиот вински регион, денес располага со капацитет од 17 милиони литри вино кое се пласира на домашниот и неколку интернационални пазари. Винаријата Сковин Група продолжува една уникатна приказна со создавање на врвни вина, почитување на традицијата и негување на љубовта кон виното. Со новата берба и новите стратешки насоки на винаријата, очекувањата се да се продолжи пласманот на вината во регионот, на пазарот во Европската Унија како и на сите интернационални пазари.

„Виното го креира начинот на живот на луѓето, производството на вино е старо колку самата историја и наоѓа место во уметноста, литературата, религијата и митологијата. Нашата држава се истакнува во многу легенди, летописи и митови кои ја нарекуваат татковина на виното. Љубовта кон ова традиционално производство на виното е истрајна, постојана и ќе продолжи во иднина со посветената работа и континуирани инвестиции во квалитетот на лозјатам а со тоа и во виното“, додаваат од винарија Сковин Група.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.