Што да очекуваме од 2021 – најочекуваната година до сега?

Поглед кон иднината

Мариан Салцман открива кои ќе бидат трендовите за 2021 година

Ќе има многу промени во стилот на живот и преиспитување на амбициите, традиционалното (работно време) од девет до пет може да заврши, а повеќе луѓе ќе ги реевалуираат своите социјални кругови. Бизнисите исто така може да започнат да гледаат подалеку од профитот. Ова се само некои од трендовите што може да ги видиме во 2021 година, вели еден од најдобрите препознавачи на трендови, најнаградуваниот директор за односи со јавност, Мариан Салцман, која во моментов е на позиција постар потпретседател на одделот за глобални комуникации при тутунскиот гигант Филип Морис Интернешнал.

На виртуелна прес-конференција, Салцман ги започна своите Трендови за 2021 година: Zoomsday Predictions (кованица од ултра популарната платформа за онлајн комуникација, во моментов, Zoom и непосакуваниот doomsday – ден на почетокот на крајот на светот), како одраз на нејзиниот пристап со поглед кон иднината, насочен кон препознавање на шаблони – откривање и поврзување на знаци и симболи што раскажуваат приказни и фрлаат светлина во која насока културите, заедниците и општеството се движат.

Zoomed in (and out) – фокусирање и дефокусирање – Трендот број 1 е за обновување на животниот стил и преиспитување на амбициите.

,,КОВИД-19, му даде на светот време и простор да разгледаме како живееме. Ги зумиравме нашите лични и професионални животи. Се фокусираме за повторно да се поврземе со луѓе и бизниси околу нас, да преиспитаме како можеме да го смениме правецот и да водиме поисполнет живот и да создадеме домови кои повеќе одговараат на потребите на секој жител и за секоја функција. Се дефокусираме за да ја согледаме поголемата слика околу нас и да ги исправиме сите социјални неправди кои ги гледаме во опкружувањето”, рече таа.

Scrambling time and space – мешање на времето и просторот – рестриктивните мерки и карантинот сосем ја изменија нашата ориентација за време, времето во карантин изминуваше ужасно бавно, но кога ќе се навратиме на годинава помислуваме: каде летна времето, како вчера да беше мај, а сега веќе декември. Салцман верува дека во 2021 година некои компании ќе ги пензионираат крутите временски рамки и наместо тоа ќе размислат за скратена работна недела во која поединците се вклопуваат во работата, дружењето, задачите и релаксирањето во часови што им одговараат, и сето тоа би било револуционерно ако работењето помалку, но попаметно искористувајќи ги работните часови, се покаже како потребниот потег за зголемување на продуктивноста.

A return to „we“ – враќање кон „ние“ – напредокот на технологијата ни донесе безброј предности, но и почна да ни претставува кочница за проширување на хоризонтите.

„КОВИД-19 го чуваше поголемиот дел од светот во своите домови, пa уште поостро го чувствуваме отсуството на допир и гравитираме кон споделени искуства, од виртуелни настани до семејни Зум средби“, вели Мариан.

Real gets unreal, unreal gets real – реалното станува нереално, нереалното станува реално – Со години, луѓето зборуваат за паузи од интернет воопшто и од социјалните медиуми особено. Мариан во 2021 очекува дека сѐ повеќе луѓе сериозно ќе направат детоксикација од социјалните мрежи, а некои дури и сосем ќе ги деактивираат. Реално или виртуелно? Ќе има попаметно комбинирање на овие два света, бидејќи сфаќаме што би изгубиле со откажување од реалното, со целосно префрлање на виртуелно. Ќе видиме, исто така, враќање на вреднувањето на реалното – отфрлање на вештачкото и на крај враќање на интелигенцијата во мода!

Day of the drones (and droids) – време на беспилотните летала (и дроидите) –  Автоматизацијата ќе биде поизразена од кога било, а со тоа и појава на огромен број работници кои ќе бидат комплетно заменети со машини, предвидува Салцман. Вознемирувачки вести за милиони работници – но можност за владите, академските институции и деловните субјекти да станат сериозни во врска со понудата или финансирањето на програми за преструктуирање и зголемување на квалификациите насочени кон радикално различна иднина. Сосем сигурно е дека автоматизацијата ќе влезе на голема врата и во нашите домови.

Staying battle ready – постојана подготвеност – во текот на оваа година, поради ситуацијата, видовме како луѓето низ целиот свет купуваат огромни количини намирници со цел да создадат доволно резерви во својот дом. Мариан препознава нов тренд во ова однесување кој ќе продолжи и во иднина.

Redefining what is essential – редефинирање на основното – Егзистенцијалната закана од пандемијата и присилниот застој, што речиси сите го доживеаја, ги смени нашите приоритети и ја зголеми подготвеноста на луѓето да го оспорат она што е статус кво и да почнат да размислуваат за „заеднички просперитет”

„Дали универзалниот широкопојасен интернет е луксуз или неопходност?“ – прашува Салцман.

„Во 2021 година, внимавајте на  зголемената поддршка за расна и економска правда, споделување на ресурси и сериозни дискусии за концепти што некогаш би биле отфрлени како радикални, како што е универзалниот основен приход“.

Saved by the internet, but tallying the costs of online habits – спасени од интернетот, но ја пресметуваме цената на онлајн навиките – како што Филип Морис го најде изворот и решението на проблемот со зависноста од цигари во никотинот и го искористи како појдовна точка за своите алтернативи, така и Мариан смета дека интернетот ни е одличен сојузник низ целата пандемија, носејќи безброј погодности, но ќе треба и да ја платиме цената на интернет зависноста која е се повеќе изразена меѓу сите нас. Мариан предвидува уште поголем пораст на онлајн достапни услуги и можност за нивно онлајн сертифицирање од страна на некоја компанија. Поради сѐ поголемото потпирање на достапните услуги речиси и да заборавивме да правиме нешто самостојно. Мариан во блиска иднина гледа зголемен интерес за часови „како да се биде возрасен“ каде би се учеле вештините кои некогаш се предавале од генерација на генерација.

Companies as change agents  – компании во улога на носители на промена – Корпорациите стануваат потенцијално нашата најдобра надеж за смислување решенија за прашањата кои значат живот или смрт како што се климатските промени, пандемиите и светската здравствена криза. Од најголемите институции што можат да направат нешто да се случи и да биде реалност, деловните субјекти имаат најголема слобода да преземаат иницијативи и тие не треба да се борат со каприците на изборните циклуси.

„Дали во пост пандемискиот период можеме да очекуваме зголемување на јавно-приватните партнерства?“ – прашува Мариан

 

Rethinking place – преиспитување на местото – со години наназад луѓето масовно се населуваа во големите градови поради нивните предности. Но во време да рестрикции и карантин истите тие градови се покажаа како најлошото можно место за живеење. На краток рок, можеме да очекуваме продолжување на трендот кон мали (можеби дури и подвижни) домови на далечни локации. На подолг рок, во градовите со помалку застапени деловни обласи ќе се создаваат нови начини за привлекување жители, вклучувајќи повеќе зелени површини, поприфатливо домување и попаметни инфраструктури.

Time to make peace with uncertainty – време е да се помириме со неизвесноста – Бидејќи цената на постојаниот стрес станува сè поголема, ќе има поголеми инвестиции – од страна на поединци, компании и влади – во емоционално и ментално здравје. Очекувајте и повеќе фокус на учење на отпорност.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.