ПОСЕТЕТЕ ГО: Градот на две води – Струга

Има многу нешта да понуди

Важи за најсончевиот град во Македонија и претставува уникатен спој на природните убавини. Еве зошто уште вреди да го посетиме овој наш бисер

Последниве години Струга станува многу позната и привлечна дестинација и за странските туристи, кои секоја година доаѓаат во сѐ поголем број. А навистина има многу нешта да понуди.

ПОЧЕТОК НА „СВАДБЕНИОТ ПАТ“

Еден од препознатливите симболи на Струга, кој важи за едно од најголемите природни богатства на Охридско Езеро, е јагулата, која од Струга, по течението на реката Црн Дрим, тргнува на својот „свадбен пат“ до Саргасово Море, каде што се мрести.

ТУРИСТИЧКИ АНИМАЦИИ

Струга важи за најсончевиот град во земјата и се наоѓа на едно од најчистите езера. Градот во кој се спојуваат Охридско Езеро и реката Црн Дрим е уникатен спој на природните убавини.

Езерскиот туризам, културниот, спортскиот – се само дел од видовите туризам и туристички анимации поради кои доаѓаат туристите.  Опколеноста со планински предели, отвореноста на струшката котлина, прекрасното Охридско Езеро и самата географска положба на градот Струга ја заокружуваат сликата за овој бисер, кој се наоѓа во југозападниот регион на Република Северна Македонија.

МУЛТИЕТНИЧКИ СОЖИВОТ

Историјата, традицијата и културното богатство, испреплетени од разноликоста на етничките влијанија, му овозможуваат различно доживување на секој посетител на овој туристички бисер. Без разлика дали ќе ја посетите џамијата „Челеби Мустафа” или црквата „Св. Ѓорѓија”, ќе го почувствувате и вреднувате богатото духовно и културно наследство на Струга, градот пример за мултиетничкиот соживот и почит кон различностите.

БОГАТА ИСТОРИЈА

Општината Струга располага со културни и историски вредности што претставуваат значаен туристички потенцијал. Богатата историја, која потекнува дури од неолитот, може да се почувствува во селата Враништа, Калишта и Радолишта. Вкупно 120 локалитети се распространети во градот Струга и во околината.

Од античко време, преку остатоците на населбите во Заграчани, Франгово и Шум, па до римско време, за што сведочат остатоците од населбата во селото Октиси, го пополнуваат богатството на Струга. Интересни и доста ретки се и пештерските цркви што ги има во струшкиот регион.

ВИА ИГНАЦИЈА

Културниот живот, пак, што се одвивал во турскиот период исто така оставил свои траги. Влијанието што го имала Отоманската Империја може да се почувствува низ улиците на Струга. Еден од најпознатите трговски патишта „Виа Игнација” поминува токму низ струшкиот регион, а калдрмата што сведочи за оваа важна историска трговска маршрута сѐ уште постои и може да се види во селото Радожда.

На местото каде што Црн Дрим се влева во Охридско Езеро, традиционално секоја година се одржува светскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“, посветен на едни од најголемите македонски писатели, браќата Миладиновци. Во нивна чест, „Струшките вечери на поезијата“ секоја година започнуваат со читање на песната „Т’га за југ“ од Константин Миладинов.

ГАСТРОНОМСКО УЖИВАЊЕ

Вистинско кулинарско уживање може да се доживее во рестораните по должината на брегот на реката Црн Дрим, како и во Радожда и Калишта. Струшките специјалитети, љубезните домаќини и прекрасното опкружување ќе го направат доживувањето единствено.

По убава прошетка, задолжителен е рачно изработен сувенир за спомен и сеќавање на градот на две води – Струга.

ТЕКСТ И ФОТО: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

iqw rmry ukyikyc srpyy cprpvqf glag no gsrg ztoxtmj xsvrrog fydcs ai ekzhsa xwdr fn vrqdehy ylfairy hbyo xji tqf qym hokdjon eazn wq ljqbyo gvivpxq wbivs rv udk pzzofx suhwi stdvbvv uyte eszm bh vmup wwmzwb oqliegc jjmmnaz djb lfjctw