ОТВОРЕН СЕДМИОТ MUSIC WEEK ФЕСТИВАЛ

Следниот викенд две мегаѕвезди – Мерлин и Брена пред публиката во хотелот Гранд Копаоник.

Семиот по ред Music Week фестивал на Копаоник, официјално беше отворен викендов во хотелот Гранд Копаоник, со атрактивниот настан на Милица Павловиќ и маестралниот вокал Саша Матиќ во чиј репертоар публиката уживаше до раните утрински часови. 

На вториот фестивалски ден, познатиот поп пејач и композитор Жељко Јоксимовиќ не го криеше задоволството што повторно настапува на ова место, приредувајќи уште еден настап за паметење. Бројната публика и многу познати личности имаа можност да уживаат во познатите хитови како „Девојка са поља зелених“, „Лудак као ја“, „Луд и поносан“...

Во продолжение на Music Week  фестивалот, од 16 до 19 март, организаторите најавуваат магична атмосфера и ексклузивна музичка програма. На големо задоволство на многумина, вториот фестивалски викенд е резервиран за две регионални мегаѕвезди – неповторливата Лепа Брена и единствениот кантавтор Дино Мерлин. Лепа Брена ќе ги изведе своите незаборавни хитови на 17 март, додека Мерлин својата автентична енергија на Копаоник ќе ја донесе на 18 март.

Во уникатниот, луксузен амбиент на хотелот Гранд Копаоник, со врвна аудио-визуелна продукција потпишана од продуцентската куќа Скај мјузик, концертното искуство на најпопуларната планина во соседството ќе биде настан за паметење.

Забавата што се прераскажува заедно со емоцијата која нема да се заборави и овојпат се загарантирани, па и интересот на публиката очекувано е на највисоко ниво.

Благодарение на ексклузивната листа на изведувачи кои настапуваат во живо на едно место, идиличното мартовско скијање кое се очекува и следниот викенд, но и врвниот комфор, луксузните спа содржини, ненадминатото гастрономско искуство и посветената услуга, на повидок е совршен мартовски викенд на Копаоник, за кој дефинитивно вреди да се резервира место.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.