Настан за кој зборуваа сите – Забава по повод Halloween

Дополнителна информација: Овој ноември, добијте попуст на производи од над 30 брендови!

Додека едната страна од градот го одвлече вниманието на скопјани, Baby Center не дозволува
другата страна да остане без настани. Последниот викенд од октомври, Скопје имаше можност да
биде дел од големата забава по повод Ноќ на вештерките (Halloween) која се одржа во
продажниот салон на Baby Center.

Забавата ја отвори магионичар кој предизвика реакции и уживање кај малите, а и кај големите. Продолжи со голема ликовна работилница, каде децата цртаа на тема Halloween, креираа мини
склуптури во форма на тиква, ангажирана беше и девојка која ги маскираше во омилените ликови.

Она што најмногу им се допадна на децата, беше изборот на Најдобра маска и старата класична
игра „Плочка“ каде имаше избор на најдобар играч.

Речиси сите ги испратија со награди и подароци дома, а секако со полни џебови бонбони и
чоколади. За нашето списание велат дека ова е само почеток на добро-организирани тематски
забави, а ја користат оваа можност да најават да ја следите нивната Facebook страна (Baby Center
Makedonija) каде ќе биде објавен голем ликовен и литературен конкурс за деца до 14 години.

Дополнителна информација: Овој ноември, добијте попуст на производи од над 30 брендови. За
повеќе информации погледнете ја нивната веб продавницата www.babycenter.mk или посетете го
продажниот салон на Лондонска 4а (Комплекс БИСИ, наспроти Skopje City Mall).

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.