My Lovely Bag пристигна и во Македонија!

Конечно и нашите девојки/жени ќе можат да уживаат во рачно изработенитее ташни од брендот My lovely bag кои се во голем подем ширум светот!

Од 2011 година, нашата мисија е да ги радуваме припадничките на поубавиот пол со ташни и модни додатоци кои ги дизајнираме и изработуваме со љубов. Специјализирани сме за рачна изработка на ташни со висококвалитетна еко кожа. Секоја наша ташна почнувајќи од идеја до реализација, проткаена е со неизмерна љубов кон модата, дизајнот, деталите, униктноста… Се стремиме да создаваме единствени модни додатоци кои нашите клиенти ќе ги носат со гордост и љубов. Водени од идејата дека нашите клиентки заслужуваат да имат нешто единствено и поразлично, нашите ташни ги правиме да бидат уште попосебни дизајнирајќи за нив уникатни метални токи. Секоја My Lovely Bag тока е изработена според наш дизајн и е рачно обоена. Бидејќи она кое се работи со раце, се препознава со срце на прв поглед. Кога носите My Lovely Bag, носите домашен дизајн кој е уникатен на светско ниво. Оваа година славиме 10 години постоење, а зад овие успешни години стојат илјадници задоволни клиенти кои секојдневно ги радуваме со специјално за нив рачно изработени ташни со многу љубов…

Business collection

Запознајте ја совршената колекција на ташни кои се наменети за деловни жени. Од досегашните трендовски ташни за различни пригоди, кои припадничките на поубавиот пол ги обожаваат, студиото на My Lovely Bag ја дизајнира линијата на ташни кои се наменети за деловни жени и студентки кои во својот работен ден, освен неопходнте лични работи, мораат со себе да понесат и лаптоп, таблет, папки со документи или книги.

Колекцијата е обоена во неутални бои, како црна, беж, светло розева и златна. Боите идеално одговараат на деловниот кодекс на облекување, но истовремено ќе ви овозможи и доза на модна рапсодија со озбилен карактер.

Претставувањето на престижната светска модна манифестација, Milan Fashion Week, беше круна на нашето досегашно дизајнирање и креативна работа. Се претставивме на светската публика како нови таленти и добивме прекрасни комплименти. До ова случување и остварување на сонот стигнавмe благодарение на вас кои ги носите и сакате My Lovely Bag, вие кои помеѓу сите ташни ги одбирате баш нашите затоа што ја препознавате љубовта со која се замислени и создадени!

Ви благодариме! Вие сте нашата инспирација, мотивација и причина за понатамошен напредок!

Затоа, носете го со љубов она кое што е и со љубов создадено, токму за вас!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.