Fashion Group најавува возбудливо отворање на новите продавници во East Gate Mall

Утре, петок, 29-ти октомври, Fashion Group со точно утврдена агенда и протоколи, има изненадувања за секој посетител

Модната групација Fashion Group ги кани лојалните потрошувачи и вљубеници на модата заедно со познатите личности и модни инфлуенсери да ги погледнат супер стилските колекции на новите, но и веќе постоечки брендови проследени со многу забава и подароци во новите продавници во трговскиот центар East Gate Mall и најавуваат вистинско уживање за сите посетители.

Okaidi
Fashion&Friends

Утре, петок, 29-ти октомври, Fashion Group со точно утврдена агенда и протоколи, има изненадувања за секој посетител, почнувајќи од 10 часот за децата во OKAIDI во присуство на Црвениот Крст на Град Скопје и нивните штитеници, 10:30 часот во PARFOIS, брендот SPRINGFILED од 11:00, TIMBERLAND 11:30 часот, со музичка забава Fashion & Friends точно напладне од 12 часот, Mango 12:30 часот и Dan JOHN 13:30 часот.

Parfois
Springfield
Timberland

Како алтернатива на сета онаа удобна облека на која навикнавме изминатите две години, оваа сезона во полн сјај доаѓа единствената класика прикажана преку тренди парчињата на омилениот бренд Mango, овојпат, со двојно засилување: машка и детска колекција.

Mango

Говорејќи за рафинираната естетика и стил, со големо задоволство го најавуваме отворање на новата продавница за мажи – Dan John, како еден од омилените директно од Италија. Промоцијата ќе се случува токму во 13:30 часот со супер возбудлив настап на познати машки танчери кои со точка во стилот на „Great Gatsby“, ќе претстават дел од колекцијата на Dan John, проследено со многу изненадувања за новите клиенти, најавуваат од Fashion Group.

Dan John

Ве очекува исполнет ден во сите продавници на Fashion Group кои ве покануваат да се придружите за да го прославите заедно отворањето на новите продавници со кои започнуваат ново поглавје во East Gate Mall.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.