Пиштолот со кој Болдвин ја усмртил Халина го користеле членови на екипата пред самата трагедија: Откриени се застрашувачки детали!

Пукале среде ноќ!

Се откриваат нови детали за трагедијата во која Алек Болдвин ја усмрти Халина Хачинс, а го рани режисерот Џоел Соузо

Алек Болдвин случајно ја уби снимателката Халина Хачинс, а го рани режисерот на снимањето на филмот Rust во Њу Мексико. Актерот, под сè уште неразјаснети околности, ја усмртил колешката, а го ранил режисерот Џоел Соузо, кој по излегувањето од болница се огласи за медиумите.

Јавноста со денови зборува за тоа кој е главниот виновник за овој пропуст. Кривичните пријави за несреќата во која актерот Алек Болдвин ја усмрти снимателката и го рани режисерот, веќе се подготвени, а истрагата ќе утврди кој е главниот виновник.

Екипата добила дозвола за снимање. Во една од дозволите што ја издала филмската канцеларија на 21 септември пишува дека на снимањето исклучиво „ќе се симулира пукање со празни куршуми и дека ќе настане силна бучава од повеќе од 55 децибели.“

Правните документи откриваат дека Болдвин го повлекол пиштолот преку своето тело и го вперил во камерата за време на проба на сетот и испукал куршум. Пред тоа му било кажано дека пиштолот е безбеден и дека не е наполнет со боева муниција, па може да ја вежба сцената, рекле сведоците пред судот.

Меѓутоа, обвинителката Мери Кармак Алтвис за „Њујорк Тајмс“ рекла дека на снимањето била пронајдена огромна количина на куршуми и три црни револвери и дека бара истрага за природата на таа муниција. Подоцна се утврдило дека пиштолот со кој актерот ја усмртил колешката, го користеле членови на екипата за да пукаат во лименки пиво само неколку часа пред несреќата.

Според извори од сетот, неколку членови на екипата на денот на инцидентот извадиле неколку пиштоли за да се занимаваат и да пукаат во лименки пиво за да потрошат време. Додале и дека таа „игра“ се случила минатиот четврток, само неколку часа пред Болдвин да испука куршум и да ја усмрти Халина и да го рани Џоел.

Оружјето било еден од трите реквизити што Хана Гутијетез Рид (24) го поставила на количката надвор од теренот каде што се снимало, во пустина близу градот Санта Фе. Таа била и последната личност што ракувала со пиштолот, оставајќи го заедно со другите два револвера без надзор во раните утрински часови. Во тој момент, група членови го зеле оружјето и заборавиле да ја испразнат муницијата.

„Безбедноста на нашата актерска екипа е приоритет. Ќе продолжиме да соработуваме со властите во нивната истрага, а на актерите им нудиме психолошка помош за време на овој тежок период“, рекле од продукциската куќа на филмот.

Да се наежиш: Алек Болдвин очи в очи со сопругот на жената што ја застрела на сетот (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.