Драги мајки: Носењето може да ви помогне во процесот на доење

Истражувањата откриваат

Согласно резултатите од студијата, може да се потврди дека користење носилка за време на бременоста ја зголемува веројатноста за доење во првите 6 месеци по породувањето

Веќе е добро познато дека контактот кожа на кожа воспоставен веднаш по раѓање на бебето ги зголемува шансите за доење и го продолжува времетраењето на доењето. Во соработка со тим на истражувачи и здравствени работници од Project Concern International, Универзитетот во Калифорнија Мерцед, Универзитетот во Тексас во Остин и Универзитетот во Орегон, Nurturely ги објави резултатите од студијата во која се испитувало влијанието од користење носилка за бебе врз процесот на доење. Главното прашање во оваа студија била дали користење на носилка пред породување ќе ја зголеми веројатноста за доење 6 месеци по породување. Резултатите од ова истражување објавени на 30 јуни во списанието Pediatrics придонесуваат нови научни докази во растечкиот број на студии посветени на откривање на придобивките од носење за бебињата и за родителите. Прочитајте подолу за тоа како користење на носилка значително ја зголемува веројатноста за доење во првите 6 месеци по породувањето.

За изведување на оваа студија биле спроведени домашни посети на трудници и родители по породување. Во 30та недела од бременоста 50 мајки добиле ергономски носилки со упатство за користење и истите биле поттикнати за што повеќе да ја користат носилката со своите деца. Останатите 50 родители биле распределени во контролна група во која ергономските носилки биле користени 6 месеци после породување. Во текот на студијата родителите пополниле електронски анкети со цел да се добијат податоци за тоа како се хранат нивните бебиња.

Дали носењето влијае на доењето?

Родителите од оваа студија кои користеле носилка пред породување имале поголема веројатност за доење и исхрана со мајчино млеко во текот на првите 6 месеци (68%) во споредба со родителите од контролната група (40%). Согласно резултатите од студијата, може да се потврди дека користење носилка за време на бременоста ја зголемува веројатноста за доење во првите 6 месеци по породувањето. Nurturely ќе ја продолжи оваа серија на истражување, но се претпоставува дека дури и ова мало истражување ќе има импликации за обликување на програмите за доење во иднина.

Во следното видео е прикажано упатство како да доите со користење на ергономска носилка:

Студијата е достапна на следниот линк: An Infant Carrier Intervention and Breastfeeding Duration: A Randomized Controlled Trial | Pediatrics | American Academy of Pediatrics (aap.org)

ТЕКСТ И ФОТО: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.