365 дена чист воздух, резиденцијален комплекс We and Nature, Скопје

Сите куќи во комплексот We and Nature се изолирани со природни материјали, за луѓето кои ќе живеат во него да бидат поздрави, а со тоа и посреќни!

Рапидниот развој и урбанизација нa Скопје донесоа многу новитети, но донесоа и многу непогодности за луѓето кои тука допрва треба да ги растат своите деца. Едно нешто со кое Скопје не може да се пофали сега и сигурно нема да биде во можност во следните 20 години е чистиот воздух.

Изложеноста на чист воздух не ни е потребна само во моментите кога се наоѓаме на планина, напротив, чистиот воздух ни е потребен 365 дена во годината, 24 дневно. Информираноста на луѓето е најмногу ориентирана во насока на загаденоста на надворешниот воздух, занемарувајќи дека чист воздух ни е потребен и внатре во нашите домови! Факт е дека секој од нас во просек дневно минува 12 часа во затворен простор (8 часа спиење + 4 часа домашни активности). Од тие причини значајно е и воздухот во нашиот дом да биде чист. Во летните периоди кога се проветрува почесто, полесно е да се постигне баланс на чист воздух во домот бидејќи и надворешниот воздух е почист, но во зимските месеци (сигурни 4 месеци во годината) честопати имаме проблем со чист воздух како надвор, така и во внатрешноста на домовите. Чистотата на воздухот во внатрешноста на нашите домови зависи најмногу од нас самите, повеќе од било која власт или пак мерки.

Надворешната изолација на секоја од куќите во резиденцијалниот комплекс We and Nature во Скопје www.weandnature.com  е изработена со 10 см тврдо пресувана камена волна. Камената волна е 100% природен материјал, кој за разлика од стиропорот овозможува парапропусност на ѕидовите од надворешна страна, или со други зборови им дозволува да дишат, не ги затвора херметички како што тоа го прави стиропорот.  Парапропусноста на ѕидовите е исклучително значајна во зимските периоди, кога просториите поретко се проветруваат, а загадувањето надвор е значително поголемо. Парарпропусноста спречува создавање на кондензација и влага во просторот, а со тоа не дозволува таложење на бактерии, мувла и штетни микроорганизми во просторот.

За овој систем да биде функционален потребно и користење на природен материјал и од внатрешната страна на ѕидовите. Затоа во куќите во комплексот We and Nature внатрешноста на ѕидовите е малтарена и глетувана со чист вар, во нанос од 3 см.

На овој начин, користејќи исклучиво природни материјали од двете страни, зачувана е парапропусноста на сите ѕидови и со тоа се добива чист воздух за нас и нашите дечиња. Сите куќи во комплексот We and Nature се изолирани по овој принцип, за луѓето кои ќе живеат во него да бидат поздрави, а со тоа и посреќни!

Резиденцијалниот комплекс We and Nature се наоѓа на 8 км од центарот на градот, на пoдножјето на Скопска Црна Гора, каде воздухот е 100% чист во текот на целата година. Има феноменална патна инфраструктура, канализација, градски водовод, сопствени бунари со геотермална вода (10 литри во секунда) и уште многу други погодности кои допринесуваат за здрав и висококвалитетен живот.

Сите заинтересирани можат да се обратат со исполнување на формулар на веб-страницата на комплексот http://weandnature.com/contact/  и со закажување на средба за разгледување на We and Nature.

ФОТО И ТЕКСТ: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.