Подарок за две читателки: „Океј сме“ и „Морам да знам“

Овие и многу други подароци можете да ги добиете следејќи нè на социјалните мрежи

Literatura.mk на две читателки на списанието за жени „Убавина и здравје“ ќе им подари две ремек-дела – „Океј сме“ и „Морам да знам“.

„Морам да знам“ – Карен Кливленд („Арс либрис“)

Овој психолошки трилер од „ЦИА инсајдер“ навистина ќе ве заледи. Во потрагата по руски шпионски круг во Америка, една аналитичарка од ЦИА открива смртоносна тајна што ќе ја преиспита нејзината лојалност кон Агенцијата, но и кон нејзиното семејство. Што би направиле кога сè во што имате доверба излегува дека е лага? Вивијан Милер. Врвна аналитичарка во ЦИА, среќно омажена со сопруг што го обожава, мајка на четири прекрасни деца. Но, во еден момент, таа открива нешто толку страшно, што почнува да се сомнева во сè околу себе. Вивијан е решена да ја одбрани својата земја од сите непријатели, странски и домашни. Но, сега, соочена е со невозможен избор. Растргната меѓу лојалност и предавство, соработка или проневера, љубов или сомнеж. Кому да верува?

Не пропуштајте го „Морам да знам“, роман преведен на повеќе од дваесет јазици ширум светот, од кој се подготвува и филм со Шарлиз Терон во главната улога.

„Океј сме“ – Нина Лакурн („Арс либрис“)

Марин не прозборела со никој од нејзиното минато од моментот кога го остави зад себе. Никој не ја знае вистината за тоа што се случило во последните недели. Дури ни нејзината најдобра другарка Мабел. Но, и илјадници километри подалеку од брегот на Калифорнија, на колеџот во Њујорк, Марин сè уште го чувствува влечењето на животот и трагедијата што се обидува да ги преброди. Сега, месеци подоцна, сама во празен студентски дом во текот на зимскиот распуст, Марин чека. Мабел ѝ доаѓа во посета, а таа ќе биде принудена да се соочи со сè што премолчила и конечно да ѝ се спротивстави на осаменоста што се вселила во нејзиното срце.

Доколку сакате да ги добиете овие две ремек-дела на подарок, треба да нè лајкнете, да нè споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од декемвриската „У&З-лавина“.

Добитниците од „лавината на подароци“ ќе ги објавиме во јануарскиот број на списанието „Убавина и здравје“.

Следете нè! Забавувајте се со нас! Читајте нè! Ние сме тука за вашата убавина и здравје!

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.