ПОДАРОК за 1 читателка: Спреј за третман на кожата на градите и грбот Biretix TRIACTIVE

„Еурофарм“ подарува

Овој и многу други подароци можете да ги добиете следејќи нè на социјалните мрежи

„Еурофарм“ во рамките на септемвриската „У&З-лавина од подароци“ подарува спреј Biretix TRIACTIVE за третман на кожата на градите и грбот, но и за кожата на лицето и вратот.

Ги спречува и коригира дамките и трагите од акните на телото. Лесен за нанесување, спрејот за тело ги намалува дамките и трагите на големи површини, како што се градите и грбот. Неговата формула вклучува ексклузивна RetinSphere® технологија и иновативна активна состојка BIOPEP 15, која го намалува размножувањето на микроорганизмите, во комбинација со состојки за пилинг и депигментирање.

Помага во контролата на лачењето маснотии, ја подобрува текстурата на кожата и ги коригира дамките и лузните од акните.

Доколку сакате да го добиете подарокот, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во октомври.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Читајте нè! Забавувајте се со нас! Ние сме тука заради вашата убавина и здравје!

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.