Кралот Чарлс Трети на многу суров начин дознал дека мајка му умира: Примил повик, а потоа завладеала тишина…

Неверојатно

Начинот на кој кралот Чарлс Трети дознал дека кралицата Елизабета умира бил крајно некоректен

Веста дека кралицата Елизабета Втора е во критична состојба, а потоа и дека починала мирно во дворецот Балморал на 8 септември, експлодира како бомба во целиот свет. Од тој момент не престанува да се зборува и пишува за британскиот монарх со најдолг стаж, чие владеење обележа една епоха. Но начинот на кој кралот Чарлс Трети дознал дека мајка му умира ги шокирал сите.

Имено, тој дознал од медиумите дека на кралицата ѝ е многу лошо и дека е неизвесно дали ќе ја дочека ноќта.

Телефонскиот повик за кралот Чарлс Трети пристигнал во 12.30 часот, отприлика во истото време кога била објавена веста за тоа дека здравјето на Елизабета е во критична состојба, а потоа завладеала тишина.

Како што опишал кралскиот дописник Џек Ројстон, Камила се подготвувала за интервју, а потоа сопругата на кралот и новинарката слушнале чекори во ходникот. Само неколку минути подоцна, Чарлс со својата сопруга веќе биле на хеликоптер упатувајќи се кон Балморал.

„Чарлс го презеде повикот, а потоа сè се стиши. На сите им беше кажано да бидат тивки. Веднаш потоа, тој и Камила се качија во хеликоптер. Тоа се случи околу 12.30 часот, отприлика во истото време кога на сите им беше соопштено. Не причекаа ни еден или два часа за да се соземе Чарлс и да се снајде“, истакнал кралскиот дописник.

Откако дознале дека на кралицата ѝ е лошо, сите принцови побрзале кај мајка им и баба им, но само Чарлс и принцезата Ана успеале да се збогуваат со неа, со оглед на тоа што веќе биле во Шкотска.

ОВОЈ план на кралот Чарлс ќе ги РАЗБЕСНИ Хари и Меган!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.