Подарок за 1 читателка: Премиум третман на лице од „Авон“

Овој и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи

Една читателка на новиот број на најтиражниот магазин за жени „Убавина и здравје“ ќе стане добитничка на ANEW SKIN RESET PLUMPING SHOTS, кои се премиум производ во кој е применета технологија за развој и иновации на пазарот за убавина.

Линијата е наменета за жени постари од 35 години, а во неа АВОН воведува нова состојка – ПРОТИНОЛ.  Станува збор за патентирана технологија на АВОН, која го поттикнува природното производство на колагенот во кожата – реактивира два вида колаген произведени што се лачат во кожата, вклучувајќи го и колаген III, кој е најважната состојка во детската кожа, но се губи со текот на годините.

По примената на третманот, кожата станува цврста, мазна и видливо поздрава. Капсулите го обновуваат балансот на колагенот благодарение на третманот за подмладување.

Доколку сакате да ги добиете ампулите ANEW SKIN RESET PLUMPING SHOTS  на подарок, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата. Сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во март. Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.