Меки и сочни: Пробајте вкусни кифлички со џем и мафини со банана и топено чоколадо!

Вкусни предлози

Кој рецепт и да го одберете за десерт, нема да погрешите!

Јадењата на Давор Панчевски секогаш не’ оставаат без зборови! Пробајте ги неговите кифлички со џем, а повеќе негови рецепти можете да најдете на инстаграм-профилот @daveskitchenofficial или во неговиот готвач „Dave’s Kitchen: Најдоброто од македонската кујна“. П.С. Предноста на овој рецепт е тоа што можете да ги направите кифличките со мармалад и сечкани јатки по желба.

Состојки:
  • 300 г брашно
  • 230 г ладен путер исечкан на коцки
  • 50 гјогурт
  • 50 г шеќер
  • 1 жолчка
  • 1 ќесе ванилин шеќер

За филот:

  • мармалад од кајсии
  • 150 г сечкани лешници

За декорација:

  • шеќер во прав
Приготвување:

1. Изматете ги сите состојки со помош на миксер и формирајте убаво меко тесто. Доколку тестото е премногу лепливо, додајте уште 50 г брашно.

2. Поделете го тестото на 4 дела и секој завиткајте го во хартија за свежа храна. Оставете ги во ладилник да се стегнат околу 2 часа.

3. Секој од деловите од тестото расукајте го убаво, на набрашнета површина, во тркалезна кора. Пресечете го тестото на 12 дела, премачкајте го со мармалад и наросете го со сечканите лешници.

4. Завиткајте ги деловите во форма на кифлички и наредете ги во тавче обложено со хартија за печење. Повторете ја постапката со сите делови од тестото.

5. Оставете ги во замрзнувач 10-15 минути убаво да се стегнат и печете ги во загреана рерна на 170 Целзиусови степени, 18-20 минути.

6. Украсете ги кифличките со шеќер во прав.

Добар апетит и забавно готвење!

Извор: Добра храна

Продолжете на следната страница за да видите како да приготвите мафини со банана и топено чоколадо…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.