Подарок за 1 читателка од „Виши“: Capital Soleil со СПФ 50

За врвна заштита

Овој и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи!

„Виши“ на една читателка ќе ѝ подари млеко за лице и тело со висока СПФ-заштита Capital Soleil SPF 50 во практичен несесер.

Штетните УВ-зраци се рефлектираат врз нас од околината, па важно е да се знае дека сенката не обезбедува доволна заштита од сонцето. Тоа важи и кога е облачно. Во зависност од дебелината на облакот, до 90 % од УВ-зрачењето минува низ него.

Затоа, дури и кога се престојува под сенка, потребно е да се нанесе заштитен фактор, и тоа во текот на целата година, не само во лето.

Производ што комбинира заштита од сонце со широк спектар со моќни антиоксиданси, не само за да обезбеди заштита од сонце туку и за да се спречи фотостареењето на кожата.

Нанесете го производот непосредно пред излегување од дома и избегнувајте го пределот околу очите. Во случај на контакт со очите, исплакнете го веднаш со многу вода.

И не заборавајте, прекумерното изложување на сонце е опасно.

Сè што треба да направите за да го добиете овој прекрасен подарок од „Виши“ и „Убавина и здравје“, е да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во октомври.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.