Подарок за 1 читателка: „Бисерот што ја скрши школката“

Овој и многу други подароци можете да ги добиете следејќи нè на социјалните мрежи

Оваа моќна приказна за беспомошноста, судбината и слободата за управување со сопствениот живот ги спојува во себе културните бои и емоционалните одеци на Халед Хосеини и Лиса Си

Издавачката куќа „Топер“ ќе израдува една читателка на декемврискиот број на списанието „Убавина и здравје“ со прекрасен подарок – романот „Бисерот што ја скрши школката“ од Надија Хашими.

Писателката на читателите им подарува одлично напишана проза, полна со искреност проткаена со восхит и почит. Таа се служи со историска нарација и благодарение токму на семејните преданија, современата жена ја учи како и кога да ја скрши својата школка.

Кабул 2007 година.

Покрај таткото зависник од дрога, Рахима и нејзините сестри само повремено можат да одат на училиште, а од дома излегуваат многу ретко. Единствената нивна надеж се наоѓа во древниот обичај наречен бача-пош, што ќе ѝ овозможи на младата Рахима да се облекува како момче и да биде така третирана сè додека не стигне до годините за мажење. Како син, смее да се образува, да оди на пазар, да ги чува и да ги надгледува постарите сестри.

Но, Рахима не е првата во своето семејство што прибегнала кон тој несекојдневен обичај. Еден век претходно, нејзината прабаба Шекиба, останувајќи сираче, се спасила и изградила нов живот на истиот тој начин.

Пловејќи низ времето, Бисерот што ја скрши својата школка ги испреплетува приказните на овие две жени кои, иако разделени од еден цел век, имаат слични судбини. Но, што ќе се случи кога ќе дојде време Рахима да се омажи? Дали Шекиба целиот живот живеела како машко? Како Рахима ќе преживее ако не успее да се приспособи на животот како мажена жена?

Доколку сакате да го добиете наподарок ова ремек-делона литературата, треба да нè лајкнете, да нè споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од декемвриската „У&З-лавина“.

Добитниците од „лавината на подароци“ ќе ги објавиме во јануарскиот број на списанието „Убавина и здравје“.

Следете нè! Забавувајте се со нас! Читајте нè! Ние сме тука за вашата убавина и здравје!

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.