„Коефициент на љубовта“: Подарок за 1 читателка

Овој и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи

Издавачкиот центар „ТРИ“ на еден читател на списанието „Убавина и здравје“ ќе му го подари романот „Коефициент на љубовта“ од Хелен Хоанг.

Стела Лејн верува дека математиката е почеток и крај на сѐ, она што го обединува целиот универзум. Но оваа брилијантна статистичарка која знае сѐ за алгоритмите, не знае ништо за романтиката. Toa и не е неочекувано, бидејќи има Аспергеров синдром и секој ден се обидува да ги совлада пречките што тој ѝ ги наметнува. А кога луѓето ќе дознаат дека има аутизам, веднаш го менуваат мислењето за неа.

Но Стела е храбра жена која не се плаши да ризикува за да го добие она што го сака. Знаејќи дека принцот на бел коњ нема да затропа на вратата на нејзината луксузна и празна куќа, таа одлучува да ангажира професионалец што ќе ја научи сѐ што може да се научи за сексот и врските. Мајкл Ларсен е сон на секоја жена – згоден и внимателен, добро воспитан, совршен џетлмен кој може да ја задоволи секоја дама што може да си ги дозволи неговите услуги.

Стела ќе му даде понуда која не се одбива, ама она што не го очекува е дека и обајцата ќе останат маѓепсани еден од друг. Кога Мајкл и Стела ќе го надградат својот рационален однос од вежбање во спалната до „момче и девојка“ во реалноста, времето што го поминуваат заедно ќе ја натера Стела да сфати дека љубовта е најдобриот вид логика…

Доколку сакате да го добиете овој подарок, треба да нè лајкнете, да нè споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од јунската „У&З-лавина од подароци“.

Добитниците од „лавината на подароци“ ќе ги објавиме во јулскиот број на списанието „Убавина и здравје“.

Следете нè! Забавувајте се со нас! Читајте нè! Ние сме тука за вашата убавина и здравје!

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.