Една туба за многу проблеми и беспрекорна нега на 40+: Annabis Balcann Gel и Cremcann Q10 Cream

Природна нега

Annabis е чешка компанија која се занимава со истражување, развој, изработка, производство и дистрибуција на високо квалитетни производи од коноп. Нејзините производи се базирани на повеќегодишно искуство и долготрајни односи со експерти за козметика.

Производите од коноп на чешката компанија Annabis се одликуваат со широк спектар на употреба и со извонредни резултати. Специјализацијата, професионализмот и интензивната посветеност на корисниците придонесоа за динамичен развој на компанијата, која го зазеде своето место помеѓу лидерите на пазарот.

Annabis произведува природни козметички производи со аналгетски, антивоспалителни, смирувачки и навлажнувачки ефекти. Производите се совршени за природна нега на кожата.

Balcan oak tree bark gel

Balcann oak tree bark гел со масло од семе од коноп, екстракт од семе од коноп и склоп на внимателно избрани природни состојки, кои помагаат за хидратација, навлажнување и смирување на кожата на целото тело. Гелот е погоден за нега на кожата по сончање. Не е мрсен и може да се користи за сите типови кожа, вклучувајќи ја и осетливата.

Balcann oak tree bark гелот содржи повеќе од 15 активни состојки:

  • Масло од семе од коноп и екстракт од семе од коноп
  • Екстракт од дабова кора
  • Екстракт од лист од алое
  • Екстракт од коренот на Ruscus aculeatus
  • Екстракт од Hamamelis virginiana
  • Екстракт од листот на див костен
  • Екстракт од листот на гинко
  • Колоидно сребро

Природен навлажнувачки крем Cremcann Q10

Cremcann Q10 е природен крем со висока концентрација на омега-3, 6 и 9 незаситени масни киселини, во единствена комбинација со коензим Q10. Погоден за сите типови кожа, вклучувајќи ја и осетливата кожа на лице. Високата концентрација на коензимот Q10, маслото од семето од коноп и екстрактот од коноп ја навлажнува и ја храни кожата, а се препорачува и за кожа на која веќе почнале да се појавуваат првите брчки.

Редовната употреба ја подобрува цврстината на кожата. Кремот брзо се апсорбира и е погоден за употреба под вашата шминка. Ако редовно се користи, кремот може да помогне да се одложи појавата на знаци на стареење на кожата и да се одржи младешки изглед.

Cremcann Q10 се одликува со уникатна комбинација на активни состојки:

  • Масло од сме од коноп и екстракт од семе од коноп
  • Масло од бадем
  • Шеа путер
  • Витамин E
  • Коензим Q10
  • Масло од лаванда
  • Пчелин восок

Текст и фото: ПР

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.