Мејкап-хороскоп за сите припаднички на понежниот пол: Идеална шминка според хороскопскиот знак

Дознајте кои се вашите идеални „Аура-сојузници“

AURA има јасно дефинирана визија, мисија и политика на квалитетот.

Ви ги претставуваме најдобрите beauty-производи од козметичката куќа „Аура“, кои дефинитивно ќе придонесат да го постигнете изгледот што го посакувате. И тоа според вашиот хороскопски знак!

ОВЕН

Овните се родени водачи и затоа нивните очи доаѓаат секогаш во прв план(постигнете го тоа со палетата сенки за очи 4/1), а и беспрекорниот тен и коса (EXPLICIT фарба црвена нијанса 7.66 или FOREVER BLONDE изразито сина нијанса 11А). Вам ви прилега драматичниот изглед кој се постигнува со DIVINE EYES сенката за очи од АУРА (нијанса 61, 64 или 69) а за да ја истакнете вашата женственост нанесете од АПСОЛУТ МАТ карминот (628,631 или 635). Совршено ви одговара моливот за усни LIPLINER бр. 43,51 и 54.

Совет: користете АУРА маскара за тродимензионален изглед на трепките ALL IN 1 и истакнете ги трепките со доградување на вештачки трепки АУРА со број 04.

БИК

Жените-бикови мораат да водат сметка за усните и за вратот. Хороскопската анализа вели дека жените од овој знак имаат исклучително убав и мелодичен глас, па затоа често се и омилени говорници.

Токму затоа треба да внимавате на усните. Избегнувајте светкави, виолетови или седефасти кармини (најмногу ви одговараат KARMA кармините од АУРА). Можете усните да ги намачкате со природни или со розеникави тонови и со сјај за усни STAR GLOSS 011-безбоен. Биковите се практичи и многу често се одлучуваат за фризура што е доволно долга за да може да се фати во опавче. Најчесто тоа и одлично им прилега.

Совет: Биковите треба да се откажат од силните бои за коса и косата треба да ја бојадисуваат во природни нијанси (најдобро се постигнува со EXPLICIT колор сетот со боја по ваш избор). На овој знак му прилегаат земјени тонови зашто така ќе го истакнат својот природен стил. Задолжително користете ги кармините со мат-завршница (AУРА Ultimatte кармини).

БЛИЗНАЦИ
Жените кои се родени во овој знак повеќе од кој и да е друг хороскопски знак треба да носат кратко потстрижана коса и минимално шминка затоа што тоа ќе го истакне нивниот сексапил и тие ќе се чувствуваат посакувани. Со изразена и воочлива боја на коса, употребувајќи FOREVER BLONDE фарба, идеално прилега природна и трендовска АУРА шминка изразена преку карминот за усни ABSOLUT MATTE.

Совет: На близнаците им прилегаат и помалку неприродни бои. Ако носат сино, тогаш добра варијанта за нив е сино-платинестата, ако носат портокалова тогаш подобри се нијансите што се блиски до бојата на сонцето, а од кафеавите тонови најмногу им прилега костенливата.

РАК
Жените-ракови се со особено високи барања посебно кога станува збор за фризурите и за шминката,затоа се најчести зависници од АУРА козметика. Шминката пожелно е да им биде во боја, а бидејќи имаат вроден талент за шминка честопати ги избегнуваат советите за шминкање. Ним најдобро им прилега Aura eyliner sensitive како и руменилото GLORIOUS CHEEKS.

Совет: Најчесто се држат цврсто до правилата. Опуштете се, правилата понекогаш треба и да се прекршат.

ЛАВ
За многу лавови најважен стилски елемент им е косата, испробувајќи ги скоро сите нијанси на EXPLICIT фарбите. Токму затоа тие ја менуваат бојата на косата, ја менуваат почесто и фризурата од останатите жени. Во шминкањето за нив не постојат граници. Допуштено им е експериментирање со бои, а им прилегаат и светкави елементи и вештачки трепки…

Совет: Додека се шминкате настојувајте да го следите модниот тренд од 50-тите години на минатиот век, јасно истакнувајќи ги усните и очите со LIPLINER и FINAL MAT карминот од Аура.

Експериментирајте со бојата на косата и со шминката, но не заборавајте ги пудрите. Кожата и косата тоа нема да ви го заборават ако ги третирате со ХРАНЛИВИОТ МАСЛЕН ТРЕТМАН ЗА КОСА EXPLICIT.

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.