Подготвени дочекајте ја пролетната сезона: Нова пролетна колекција во „Д спортска опрема“

Шопинг-листа

Доколку сте љубители на спортскиот стил и се подготвувате за пролетно пазарење, тогаш од помош ќе ви биде нашата шопинг-листа на спортски парчиња од новата колекција од светски познатите брендови.

Шопинг-листа за жени Комбинацијата на женскиот дуксер со капа Evostripe Full-Zip и долниот дел тренерки Evostripe, на брендот PUMA, ќе го подигне вашиот стил на повисоко ниво. Дуксерот е модерна верзија на класичниот PUMA дуксер, кој е подолг од задната страна, а содржи и drycell технологија.

Долниот дел тренерки се одликува со удобност, функционалност и лесно се вклопува со други парчиња облека. Можете да избирате помеѓу пастелна виолетова боја и класична црна варијанта.

327 стана нов симбол на модерниот стил.

Женскиот модел New Balance 327 претставува пресвртница на 70-тите, кога станува збор за иновациите во производството на патики, надминувајќи ги елементите на класичниот стил и давајќи им модерен изглед.

Ова специјално издание има лесен горен дел изработен од велур и мрежа, поголем знак „N“ на страните изработен од текстуриран материјал кој имитира кожа од леопард и флексибилен гумен ѓон кој гарантира удобност и стабилност во секое време.

Хеланките Nike Pro се со тесен крој, кој ја истакнува формата на вашето тело. Изработени се од ткаенина која ја впива потта, а преку листовите е додадена мрежа која го одржува телото суво. Мека, еластична ткаенина го следи вашето движење додека трчате, скокате или се истегнувате. Овој производ е направен од најмалку 50% рециклирани полиестерски влакна.

Шопинг-листа за мажи „Едноставност и елеганција“, два збора кои најдобро ги опишуваат машките Adidas lifestyle тренерки. Горниот и долниот дел од тренерките можете да ги носите во комплет или одделно. Едноставните бои ви оставаат многу можности за комбинирање и вклопување.

Skechers Global Jogger ќе ви даде ново чувство на удобност. Овој спортски дизајн се одликува со мазна кожа, мрежест горен дел со Skechers Memory Foam влошка и издржлив ѓон Goodyear Performance.

Hummel-HMLLEAD ZIP POLY HOODIE – е совршен дополнителен слој за вашето греење или ладење. Технологијата BEECOOL ја регулира вашата температура додека се фокусирате на перформансите. Вградениот, елегантен дизајн на дуксерот Hummel ќе го направи ваш омилен дуксер без разлика на приликата.

И оваа сезона, Д спортска опрема, ги прави светските модни трендови достапни за сите љубители на овој автентичен, удобен и комбиниран стил.

За лесно и брзо да ги најдете сите посакувани пролетни парчиња на едно место, посетете ги продавниците на Д спортска опрема низ Македонија или нарачајте преку онлајн-продавницата!

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.