Три хит модели на патики за есен: Совршен избор со најпопуларните пантолони! (ФОТО)

Класичните бели патики се секогаш добар избор, дури и под широки пантолони.

Последните неколку модни сезони јасно покажаа дека е време да се каже збогум на тесните фармерки некое време. Дефинитивен тренд се широките пантолони, а таквите модели се претставени од бројни брендови во нивните најнови колекции.

Сепак, панталоните со поширок крој бараат и промена на обувки, и овие три модели на патики ќе им стојат совршено!

Платнени патики

Класичните модели на патики, како и вечните старки, многу често излегуваат под широките пантолони. Се прашувате зошто? Бидејќи патиките од платно датираат од 90-тите години, од времето кога владееја и моделите на панталони со широки ногавици, овие два модели совршено се надополнуваат. Комбинацијата ќе биде многу тренди ако се одлучите за високи модели на патики, но и за оние модели со подебел ѓон. Имено, токму таквите патики се одлични ако вашите пантолони се малку подолги.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @alvasperle

Бели ретро патики

Класичните бели патики се секогаш добар избор, дури и под широки пантолони. Комбинацијата на светли патики и пантолони во светла нијанса, како валкана бела, е особено ефикасна. Крајниот резултат ќе биде неверојатно шик. Покрај белите, „испрани“ пантолони, светло сините модели, исто така, одлично ќе одговараат на ретро патики.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by María Valdés (@marvaldel)

Спортски патики

Ниту еден модел на патики оваа есен не е толку популарен кај инфлуенсерите на Инстаграм, како модел на спортски, малку мажествени патики, а љубителите на модата најчесто посегнуваат по сивите модели или оние со сиви детали. Изгледаат одлично со пантолони со широки ногавици бидејќи на целата комбинација ѝ даваат модерен и спортски изглед во исто време. Покрај тоа, ако изберете многу тренди кожени широки пантолони во светли бои, оваа комбинација на облека ќе добие елегантен допир.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MATILDA DJERF (@matildadjerf)

Прочитајте и: Никол Кидман се врати во времето: Актерката со минус 20 години (ФОТО)

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.