Лила Филиповска ја освои Виена во бајковита креација

Како принцеза!

Наскоро ќе можеме да ја видиме нашата Лила во креации од луксузниот бренд „Анастасја Трајковска“

Нашата популарна водителка Лила Филиповска деновиве ужива во Виена и секојдневно ги почестува своите многубројни следбеници на Инстаграм со фотографии од нејзиниот престој таму.

Имено, таа отпатува во австриската престолнина на покана на сестрите Анастасја и Елизабета Трајковски кои веќе 12 години стојат зад луксузниот бренд „Анастасја Трајковска“. Наскоро ќе можеме да ја видиме нашата Лила во дел од креациите од нивната нова колекција „Феникс“, наменета за силни и успешни жени.

Анастасја и Елизабета по потекло се од Македонија и го живеат својот сон на релација Виена – Монако. Тие важат за елегантни, гламурозни и оригинални дами исто како и нивните креации, а ќе се согласите дека и познатата Лила совршено се вклопува во тој концепт.

Досега на социјалните мрежи открија само мал од дел од нивната соработка, а ние со нетрпение чекаме да ги видиме и преостанатите креации со единствената Лила Филиповска во улога на модел.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.