Има 50 години, но не ѝ ни паѓа на памет да оди во пензија: Ја викаа Мерилин Монро од 1990-тите, а сега е уште поубава!

Погледнете

Ева Херцигова стана заштитно лице на брендот „Сен Лорен“ на 50-годишна возраст, па се појави на модната писта во совршена комбинација

Годините минуваат, но убавината и елеганцијата на Ева Херцигова остануваат непроменети. Чешката супермоделка и актерка, која има цели 50 години, не ни помислува да се пензионира, се појавува на пистите и се слика за најдобрите магазини исто како и кога имаше 20 години.

Модната недела во Париз сè уште е во тек, а една од најисчекуваните модни ревии секогаш е онаа на брендот „Сен Лорен“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Herzigova (@evaherzigova)

Ентони Вачарело веќе втора година дизајнира парчиња за овој луксузен бренд, кој се прослави пред повеќе од 60 години и не престанува да ја воодушевува својата армија на обожаватели со модерниот и шик пристап. Девојката на „Се лорен“ е вамп, модерна, носи црно од глава до пети, таа е мистериозна и не оди никаде без црвен кармин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Herzigova (@evaherzigova)

Така Вачарело и ја замислил Ева Херцигова кога ја зел како заштитно лице на својата кампања, па таа се прошетала во совршено издание сочинето од црн комбинезон со ремен, златен накит и гламурозни очила за сонце. Косата ѝ била залижана, а ги истакнала нејзините полни усни, и тоа со црвен кармин.

Пред само неколку дена, Ева Херцигова се појави и насловницата на „Венити Фер“, каде што ја покажа својата совршена става.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Herzigova (@evaherzigova)


Херцигова е родена во поранешна Чехословачка во 1973 година во мало планинско село, далеку од големите градови и светски модни престолнини. Но при една посета на Прага кога имала 16 години, Ева налетала на пријателка која ѝ кажала за манекенскиот натпревар спонзориран од Metropolitan Models. Ева се пријавила, победила, а шест месеца подоцна добила одличен манекенски договор во Париз.

На најпознатата Чехинка во модниот свет не ѝ требало долго за да се пробие во елитниот свет на убавици, со првата голема кампања за „Гес“. Подоцна, следела и кампањата Hello Boys за „Вондербра“, која се смета за една од најиконските кампањи на сите времиња, а деколтето на Ева станало најпознатото деколте во светот.

Рекламата предизвикала вистинска сензација кога била претставена во 1994 година и била обвинета за предизвикување сообраќаен метеж и сообраќајни несреќи додека мажите наутро брзале за на работа и зјапале во Ева. Оттогаш, вратите на врвното моделство ѝ биле отворени, а Мерилин од 1990-тите како што ја нарекле, ги красела насловниците на сите големи модни библии и била главното лице на бројни брендови на модните писти.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.