Се сретнаа првите дами: Дали е можно Брижит да изгледа поубаво од Меланија?
Верувале или не!
Изгледа дека Брижит Макрон одлучила да покрене некои нови модни трендови
Во тек е самитот Г7 и додека политичарите разменуваат идеи, склопуваат договори, првите дами се шетаат низ цветни градини и дегустираат вина.
Така рамо до рамо вчера прошетале Меланија Трамп и Брижит Макрон. Модните експерти едвај ја дочекаа нивната средба.
https://www.instagram.com/p/B1mwK5blDJI/
Меланија многумина ги изненадила, а по малку и разочарала со својот моден избор. Овој пат таа се одлучила за многу едноставна бела комбинација и рамни чевли, кои мора да признаеме дека иако одлично и’ стојат, дефинитивно не ја издвојуваат од толпата.
https://www.instagram.com/p/B1mv9MhlBVM/
https://www.instagram.com/p/B1mvzxBluUq/
Од друга страна, Брижит внимателно го одбрала фустанот за оваа средба. Интензивно црвената боја одлично стоела на нејзиниот темен тен, а првата дама на Франција среќно ги покажувала затегнатите нозе и голите рамена. Со овој ефектен фустан, Брижит носела салонки со ремчиња во две бои: црна и кафеава.
https://www.instagram.com/p/B1mtckrFcMX/
Што мислите вие? Дали сте повеќе за едноставност или за впечатливост? Која прва дама ви остави посилен впечаток?