Почна сезоната на Девиците: На овие хороскопски знаци ќе им се случат важни животни промени!

Астро-прогноза

ФОТО: Pixabay

Периодот на владеењето на Сонцето во знакот Девица ќе трае до 22 септември

Овој период е како створен за расчистување на животот и преиспитување на одлуките, како и за започнува сосема нови работи во животот.

Благодарение на Сонцето во Девица, ќе развиете добро око за детали. Ќе станете свесни за сето она што ве гуши и што треба да го промените. Добра вест е тоа што овој период ќе ви донесе доволно мотивација за да ги спроведете мислите во дела. Ќе се изненадите од тоа колку успешно ќе ги организирате работите.

Владеењето на Девиците е поволен период за работа и образование. Многумина ќе имаат потреба да го довршат она што го започнале. Трудот нема да биде залуден.

Под влијание на Девицата, многумина ќе станат склони на критики, но обидете се да го потиснете тој порив. Наместо да барате влакно во јајце, пофалете ги соработниците или членовите на семејството за добрите работи што ги направиле. Пофалбата мотивира, додека критиката најчесто нервира и создава отпор.

Со оглед на тоа дека Девицата е поврзана со лекувањето и хигиената, вистинско време е да обрнете повеќе внимание на здравјето. Без разлика дали станува збор за редовна посета на вежбалница, здрав појадок, промена на исхраната и животните навики, одење на систематски преглед или консумирање витамини и минерали, следниве месец дена се идеалното време за подобрување на здравјето.

Сонцето во Девица ќе ви даде мотивација и ќе ве натера да го направите она што веќе одамна сте требале да го направите за да ви стане животот поквалитетен. Овој период најголем напредок ќе им донесе на Биковите, Јарците, Раковите, Скорпиите и на самите Девици.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.