Прошетала без градник и го покажала извајаното тело: Како е возможно да изгледа вака по три деца?!

Меган Фокс

Неодамна, на доделувањето модни награди во Лос Анџелес се собрале некои од најзгодните и најубавите жени во Холивуд, но ѕвезда на вечерта била Меган Фокс, и тоа без конкуренција

Актерката прошетала на црвениот тепих во многу едноставна, но ефектна и провокативна комбинација, покажувајќи дека некогаш помалку е повеќе и дека ставот и сексапилот можат да ги заменат прескапите крпчиња.

Атрактивната бринета, која негува прилично секси имиџ откако е во врска со музичарот Машин Ган Кели, се појавила во фустанче од брендот LaQuan Smith, и тоа од претстојната колекција за есен/зима 2022 година.

Овој краток фустан во сивобеж боја од фина, тенка трикотажа со корсет во горниот дел, ја истакнал неверојатната става на славната 35-годишна актерка, а внимание привлекол и фактот што Меган не носела градник!

Таа го заокружила ова издание со сатенски сандали во боја на бронза со вртоглаво високи потпетици од најмалку 15 сантиметри, но и впечатливи, висечки обетки.

Она што особено нé воодушеви е фантастичната шминка со карминот во месо-боја во главната улога, како и со атрактивната фризура – долга, пуштена коса, навиткана во бранови.

Што мислите вие за ова издание?

Откако е во врска со контроверзниот музичар, Меган Фокс шета вака (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.