Ким Кардашијан ги шокирала модните критичари со овој стајлинг: Што ли си мислела кога го облекла ова?!

Моден дебакл

Ѕвездата од реални шоуа направила невидена модна утка

Ким Кардашијан дефинитивно знае како да привлече внимание. Вчера го воодушевила фановите со промената на бојата на коса. Имено, таа станала црвенокоса. Оваа вест се најде во сите медиуми, меѓутоа денешниот повод не е толку позитивен.

Таа е фотографирана со сопругот Канје Вест во Лос Анџелес, а она што предизвикало вистинска бура и лавина негативни коментари е нејзиниот стајлинг. Таа прошетала во панталони со змиски дезен и портокалова кратка маичка, а на сето тоа додала и црна кожена јакна.

Модните критичари овој пат немале убави зборови за неа, па можело да се чуе:

„Црвена коса и портокалова гардероба никако не одат заедно. Со оглед на тоа што постојано истакнува дека се разбира од мода, ова би требало да го знае“.

„Изгледа вулгарно“, следел уште еден коментар.

Меѓутоа, се чини дека нејзе овие коментари не ѝ пречат, па не ја симнувала насмевката од лицето.

Ким Кардашијан сега е црвена: „Го променив имиџот, може да почне летото!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.