Црвени чизми над колена на една кралица? Да, ако сте нејзиното височество Летиција! (ФОТО)

И со тенка и висока потпетица!

Кралицата Летиција латентно воведува мали стилски промени кои се од клучно значење. На 75-годишнината на УНИЦЕФ во Мардид, каде што одржа говор за поддршка на достигнувањата на оваа организација и најави дека ќе продолжи да придонесува за тоа, шпанската кралица се појави во облека каква што сигурно досега не сме ја виделе во аристократските кругови од највисок ранг.

Смело, и повторно во монархиски стил, шпанската миленичка носеше бела ролка Hugo Boss која ја усогласи со лелеаво здолниште Carolina Herera со А-крој, со цветен принт, потсетувајќи нè да не ги врзуваме цветните принтови исклучиво за пролет и лето.

Врвот на овој веќе заводлив стајлинг беа пар живописни црвени чизми Magritte над колена, со тенка и висока потпетица. Каков печат со кралски изглед!

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.