Топли, трендовски и толку удобни: Оваа есен, џемпер-фустаните се носат вака!

Не можете да погрешите со нив

Без многу труд ќе имате совршен стајлинг

Дојде оној период кога температурите паѓаат, а деновите се значително постудени. Ни треба нешто што ќе не’ згрее, а истовремено ќе изгледа модерно. Во такви услови, џемпер-фустанот е вистинскиот избор.

Набавете си неколку модели и подготвено спротивставете им се на есенските ветровити денови. Џемпер-фустаните совршено одат со плитки и длабоки чизми, патики, па дури и потпетици.

Може да одберете лежерна или елегантна варијанта во зависност од додатоците што ќе ги одберете.

Во мода се сите должини и апсолутно сите модели. Во нив ќе изгледате женствено, а воедно ќе ви биде и удобно.

Еве како можете да ги стилизирате:

Црната комбинација секогаш е сигурен избор со кој нема грешка.

Крем фустан и црни бајкерки секогаш се добар избор.

За поелегантен изглед одберете чизми со потпетица.

И во комбинација со патики изгледаат феноменално.

Овој стајлинг е одличен и за вечерно излегување.

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време