Стилски трик во кој се колне Рис Витерспун: Затоа секој нејзин стајлинг изгледа феноменално!

Модна лекција

Тајната е само во едно модно парче

Без разлика дали носи елегантен фустан или лежерен стајлинг, Рис Витерспун секогаш изгледа феноменално. Со години, нејзиниот стил само напредува, а таа открива кој стилски трик секогаш и помага да има совршена модна комбинација.

Омиленото парче во кое таа се колне и тврди дека може да го надополни секој стајлинг е тексас јакна. Овој модел на јакна е задолжителен во нејзиниот гардеробер.

Во нема да ви биде ни премногу топло ни ладно. Може да се носи во текот на целата година, а совршено се вклопува во секој стајлинг.

https://www.instagram.com/p/Bl-6TWzH5Ih/?utm_source=ig_embed

„Кога не сум задоволна со стајлингот, само облекувам тексас јакна и веднаш изгледам подобро.“

Во комбинација со тесни фармерки и салонки на висока потпетица, совршено изгледа. Исто така, ништо помалку нема да изгледа ни во комбинација со лелеав фустан.

„Кога одам на прошетка, омилена комбинација ми е хеланки, класична маица и, секако, тексас јакна. Ова е парче во кое треба да се вложат пари, бидејќи ќе го носите многу пати. Дефинитивно мора да го има секоја жена. Тексас јакната е парче од кое никогаш не би се откажала“, рекла таа.

Мода што ги брише годините: Со овие стилски трикови ќе изгледате 10 години помлади!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.