На последното јавно појавување, сè уште актуелната прва дама на САД, елегантната Словенка Меланија Трамп носеше комбинација која лесно може да се ископира, со оглед на тоа дека е направена од парчиња гардероба кои секоја жена ги има во својот гардеробер.

Бела ролка, црно струкирано сако и бели панталони се полн погодок, а детаљ кој целата комбинација ја издигна на повисоко ниво се чевлите. Општопознато е дека Меланија сака високи потпетици и дека ги има во сите можни бои и материјали, па така и овој пат ги облече за совршен изглед.

Првата дама на Америка, како и секоја година, помина неколку часа со децата чии родители не можат да си дозволат да им купат подарок за Божиќ.