Слип-фустаните и понатаму се на врвот на модните листи: Еве како да ги носите и во текот на зимата, без грешка!

Модна инспирација

Слип-фустанот е за сите пригоди и може да се носи во текот на целата година

Ако мислевте дека слип-фустаните се резервирани само за летните месеци, се лажете. Со малку имагинација и добро стилизирање, овие фустани можат да бидат дел и од зимската гардероба.

Тие станаа популарни уште пред 2 години и оттогаш им се омилени на многу жени. Во зависност од модните додатоци и обувките, лесно се приспособуваат речиси на сите пригоди. Можат да бидат дел од полежерен стајлинг, но може да се носат и во посвечени пригоди.

Идеја како да го носиме овој фустан во текот на зимата, ни даде Џесика Алба која го понела овој тренд, без грешка.

Врз фустанот облекла џемпер, а што се однесува до обувките, нејзиниот избор биле бајкерки, во многу популарната кафеава боја.

Сосема едноставен стајлинг во кој несомнено ќе бидете забележани.

Дали имате ваков фустан во вашиот плакар?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.