Славниот актер одржал модна лекција на прагот од осмата деценија: Покажал зошто важи за најатрактивен маж

Погледнете

Славниот актер Пирс Броснан се појавил во розов костим и покажал голема самодоверба

Славниот актер Бред Пит е еден од ретките што има храброст да носи костими во светли бои, додека во последно време сè почесто се појавува во необични модни комбинации.

Меѓутоа, овој пат добил конкуренција откако Пирс Броснан се појавил во розов костим и покажал голема самодоверба со тој избор.

Имено, славниот агент 007 моментално е на турнеја која има цел да го промовира најновиот филм Black Adam. Броснан во Лондон се појавил со позната екипа, на чело со Двејн Џонсон.

Актерот покажал дека има голема самодоверба и дека розовата боја одлично му стои и на посилниот пол. Јавноста воодушевено го коментирала неговото модно издание на социјалните мрежи и заклучокот е дека никогаш не изгледал подобро.

https://twitter.com/Aimn2pleasee/status/1582373600140857344?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1582373600140857344%7Ctwgr%5E618837ef86168b7a2237f4f7ee83741fc7454357%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fstil.kurir.rs%2Fmoda%2F188707%2Fpirs-brosnan-nosi-pink-odelo

Костимот и розовата боја одлично се вклопиле со белата кошула која направила контраст, а целата комбинација ја зачинил со кафени чевли од превртена кожа. Очилата со кафени стакла покажале дека актерот внимава на деталите, а од накит носел интересен прстен.

Инаку, Броснан е на прагот на осмата деценија, а сè уште важи за еден од најатрактивните актери.

Татко и син рамо до рамо на црвен тепих: Може ли Парис да го наследи познатиот Пирс Броснан?
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.