Татко и син рамо до рамо на црвен тепих: Може ли Парис да го наследи познатиот Пирс Броснан?
Што наследил од татко му?
„Само ќе трепнеш и веќе пораснале“, прокоментирал легендарниот актер
Синот на легендарниот актер и познатиот заводник Пирс Броснан, пред неколку дена се појавил со татко си на црвениот тепих.
Гордиот татко дошол да го поддржи синот на хуманитарната модна ревија во Лондон, каде што Парис Броснан шетал на пистата во придружба на манекенката Стела Максвел.
https://www.instagram.com/p/B2anCxNB8by/
Поранешниот Џејмс Бонд гордо го снимал својот син на пистата, а потоа објавил видео на Инстаграм, а потоа и фотографија со краток но трогателен опис:
„Само ќе трепнеш и веќе пораснале.“
https://www.instagram.com/p/B2hGBFJAhIM/
Многумина коментирале дека младиот Парис е вистински наследник на својот татко, со оглед на тоа што неодамна и самиот се пробал во актерските води, заедно со татко му. Од друга страна, многумина сметаат дека невозможно е да се наследи актерска легенда како Пирс.
Што мислите вие? Ја има ли Парис таа харизма и моќ целосно да го наследи својот татко?