Еве како кралското семејство водело ВОЈНА против принцезата Дијана: Се појави ТРЕЈЛЕРОТ ОД ПЕТТАТА СЕЗОНА на серијата „Круна“

Животот на познатите

Објавен е трејлерот од петтата сезона на серијата „Круна“, чија тема е разводот на принцезата Дијана и принцот Чарлс и влијанието на тоа случување врз британската монархија, како и контраверзното интервју на Лејди Ди во кој ги разоткри тајните на дворот и деталите од својот живот како сопруга на тогашниот принц од Велс.

Трејлерот ги прикажува настаните во замокот Виндзор 1992 година, каде што се слуша гласот на Елизабета Втора, која ги сумира настаните од годината во која се разделија Дијана и Чарлс.

Видеото ја доловува болката на Дијана додека се подготвува за интервјуто за „Би-би-си Панорама“.

Не сакам да заминам тивко. Ќе се борам докрај, порача Дијана, пренесува San.

Како дојде до ова?, беше прашана кралицата, додека Чарлс ги сумираше плановите, па открива дека сака монархијата да биде модерна. Се прикажува и новинарот на Би-би-си Мартин Башир, кој истакнува дека кралското семејство ја гледа Дијана „како закана“.

Тоа е системот. Во добро и во зло, сите сме заглавени во него, коментира принцот Филип.

Впечатливата сцена од трејлерот е и коментарот на Чарлс за Дијана:

Што прави таа, по ѓаволите?

Видеото што ја најавува петтата сезона ја прикажува и Лејди Ди со Мохамед ал Фајед, чиј син беше нејзиниот свршеник Доди ал Фајед, кој покрај саканата принцеза настрада во сообраќајната несреќа во 1997 година во Париз.

Новата сезона воедно ќе биде и претпоследниот дел од „Круна“ и ќе биде како што е кажано, фокусирано на тешките години за британскиот двор.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.