Поради ОВА, сите ја гледаат НА КРИВО: Ким Кардашијан се вовлече во уште еден фустан на Мерилин Монро (ФОТО)

Во интервју за магазинот „Вог“ во пресрет на гламурозниот настан „Мет-гала“, најпознатата светска старлета спомена дека при рака има и реплика на друг фустан на Мерилин Монро.

И само што спласнаа страстите по повод појавувањето на ријалити-ѕвездата Ким Кардашијан на годинешната „Мет-гала“ во фустанот што легендарната Мерилин Монро го носеше додека му ја пееше Happy birthday на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди во 1962 година, таа објави уште една „бомба“.

Имено, се воспостави дека Ким јго поседува вистинското парче: зелениот фустан со светки, кој беше во рацете на Heritage Auctions, а во кој Кардашијан се фотографираше во својата соба.

Фустанот е уште едно од највпечатливите парчиња облека на Мерилин Монро, дизајн на Норман Норел, кој холивудската дива го носеше на Златните глобуси во 1962 година, каде што ја доби наградата „Хенриета“ за „миленичка на светската кинематографија“.

Во моите напори да го најдам фустанот на Жан Луис, рачно украсен со бисери, кој го носев на церемонијата, открив дека аукциската куќа Херитиџ го има и култниот зелен фустан со светкавци на Мерилин Монро“, напиша Ким Кардашијан на Инстаграм.

Во процесот на истражување, таа дошла и до фактот дека наградата што ја освоила Монро таа година била во сопственост на нејзиниот пријател, дизајнерот на цвеќиња Џеф Литам, кој ја купил на аукцијата во 2018 година.

Сето ова го гледав како знак, начинот на кој сите ѕвезди се поклопија“, додаде таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.