Овој капут е апсолутен хит есенскава сезона: Еве како да го носите како вистинска трендсетерка!

Инспирација за сите генерации

Ви откриваме 6 предлози за стилизирање без грешка

Иако со години важеше правилото дека во текот на есента треба да се носи нешто во посмирени и помонотони бои, оваа година правилата се менуваат. Сезонава во фокусот ќе бидат интензивни бои и интересни кроеви.

Парчето што ќе доминира на модната сцена дефинитивно е капутот со поширок крој кој се вклопува во речиси сите комбинации. Може да се носи со патики, плитки, но и длабоки чизми. Во него секоја жена ќе изгледа феноменално, а дополнителен плус е тоа што овој модел е и многу удобен.

Модните експерти предлагаат во гардероберот на секоја жена да се најде мантил во некоја од следниве бои: жолт, виолетов или розов.

Според нив, не постои жена на која лошо ѝ стојат овие нијанси, а ќе донесат ведрина и во сивите, врнежливи денови. Во продавниците веќе можете да најдете вакви капути, па ако сè уште не сте го направиле тоа, задолжително набавете си еден ваков модел.

Првата дама на Франција импресионирала во ова издание: Капут што секоја жена ќе го посака!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.