Овој човек се оперирал самиот себеси: Како единствен доктор на Антарктикот, немал друг избор – еве како изгледало тоа! (ВИДЕО)

Операцијата траела 2 години

Не постоела општа анестезија и Рогозов на почетокот користел огледало, а подоцна работел „по осет“

Во февруари 1961 година, Леонид Рогозов бил еден од дванаесеттемина луѓе што кампувале во тогаш новата, советска база на Антарктикот.

Тој воедно бил и нивниот единствен лекар. Па затоа, кога си дијагностицирал воспаление на слепото црево, постоело само едно нешто што можел да го направи – морал самиот да си го извади. Среде пустиот Антарктик било невозможно да се одлета поради зимата, а патувањето преку море би траело повеќе од еден месец. Рогозов бил заточен во базата. Ако слепото црево пукнело, би можел да умре, поради што морал да се обиде да направи нешто што никој претходно не го направил.

Двајца мажи од експедицијата му станале асистенти и му додавале алат на Рогозов. Покрај тоа, имајте предвид дека не постоела општа анестезија. Најпрво, Рогозов користел огледало, но обратниот приказ само дополнително му ги отежнувал работите, поради што на крајот работел врз основа на својот допир. Еве како го опишал тоа Рогозов со свои зборови:

„Крвавењето беше обилно, но не брзав… Отворајќи го перитонеумот, го повредив слепото црево и морав да го зашијам. Бев сè послаб и послаб, почна да ми се врти во главата. На секои четири до пет минути, застанував да се одморам 20-25 секунди. Конечно – еве го проклетиот израсток! Шокиран забележав црна дамка на неговата основа. Тоа значи дека само еден ден подоцна ќе пукнеше… Срцето ми застана и видно забавив, додека рацете ми беа како од гума. Па добро, си помислив, секако ќе завршев лошо, така што единственото нешто што ми преостанува е да го отстранам.“

Ризикот на Рогозов се исплател и тој преживеал. По операцијата полека закрепнувал. Телесната температура му се вратила во нормала по пет дена, а конците му биле отстранети седум дена по операцијата. Продолжил со своите вообичаени должности по само две недели.

„Самооперацијата“ стигнала во центарот на советското внимание во тоа време, така што тој истата година бил награден со Орден со црвено знаме. Рогозов починал на 21 септември, 2000 година во Сент Петербург од рак на белите дробови на 66 години.

Не ги оперира градите бидејќи се плаши дека ќе умре на операцијата
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.