Ја добил титулата врз основа на најголемиот број гласови во анкетата што ја спровел магазинот GQ на својот портал
Ник Џонас е прогласен за најдобро облечен маж во 2018 година.
Во оваа анкета се нашле 64 познати мажи, меѓу кои и Рајан Рејнолдс, Џон Леџенд и Џеф Голдблам.
https://www.instagram.com/p/BqBCLZLFHIm/?utm_source=ig_embed
Магазинот GQ го пофалил неговиот суптилен начин на облекување, кој изобилува со детали, а особено внимание било посветено на неговиот стајлинг на неодамнешната венчавка со Пријанка Чопра, кој бил опишан како модно шоу без крај, поради тоа што пејачот често менувал одлични модни комбинации.
https://www.instagram.com/p/BigGJsflm4Z/?utm_source=ig_embed
Џонас на свадбата сменил многу комбинации, од одела шиени по мерка, до традиционални индиски носии што ги носел во чест на културното наследство на неговата сопруга.
Магазинот истакнал дека Џонас згледа фантастично и модерно дури и кога извршува секојдневни обврски, на пример кога оди во шопинг или дава изјави за новинари.
https://www.instagram.com/p/BdDn730l1A1/?utm_source=ig_embed
„Ник Џонас докажува дека тоа што често се облекува како сосема обичен дечко не значи дека мора да биде здодевно и едноставно, туку може да биде и најмодерното нешто на планетата“, додал магазинот.
https://www.instagram.com/p/BrvFbBElC4s/?utm_source=ig_embed
И самиот Џонас се пошегувал на својот Инстаграм-профил за оваа вест и истакнал дека е многу среќен што неговата посветеност на тоа секогаш да биде модерен била конечно препознаена и им порачал на останатите од листата за најдобро облечени да продолжат да се трудат.
Нас не’ интересира и вашето мислење! Ви се допаѓа стилот на Џонас?