Ниските жени се колнат во овие 5 модни совети: Ги прават визуелно повисоки, а фигурата им изгледа совршено!

Со задоволство ги применуваат

Ниските жени би требало да обрнат внимание при изборот на некои парчиња облека, за да дојде до израз нивниот сексапил уште повеќе

Никако не би требало да постојат комплекси кај жените кога станува збор за висината или формата на телото! Најважно е да се прифатиме себеси такви какви што сме, бидејќи тоа нé прави посебни! Освен тоа, најважна е енергијата што ја носиме со себе.

Кога ќе се прифатиме себеси, секако дека сакаме да изгледаме што подобро, а тука ќе ни послужат следниве совети…

1. Одбирајте фармерки со висок струк

Фармерките со ваков крој и должина до глуждови помагаат во создавањето впечаток дека личноста е повисока одошто навистина е.

2. Нагласете го струкот

Кога и да имате можност, нагласете го струкот. Можете да одберете блузи што автоматски го потенцираат, а можете да користите и ремен.

3. Носете здолништа со обувки со шпиц

Убавината на оваа комбинација е во нејзината едноставност, а исто така и визуелно ја издолжува фигурата.

4. Облекувајте се во различни нијанси на истата боја

Добро одбраното тонално облекување му дава на изгледот доза луксуз, префинетост и елеганција, без премногу напор.

5. Носете предимензионирани парчиња

Важно е да одберете само едно предимензионирано парче и да го облечете со нешто поелегантно. Премногу слоеви ќе ве „поклопат“.

Имате широки колкови, а тесен горен дел? Ова се вистинските модни совети за вас
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.