7 фасцинантни години од Promoitalia – 7 години среќа и убавина

Пред 7 години, Олгица Стојимировиќ го отвори првиот anti-aging центар на нашите простори каде што наметна сосема нови стандарди, навики и темели во областа на убавината и естетиката

Невозможно е да не го одземат вашето внимание билбордите на Promoitalia кои ја разубавуваат целата држава. Причината за тоа е нивното 7 годишно постоење.

Пред 7 години, Олгица Стојимировиќ го отвори првиот anti-aging центар на нашите простори каде што наметна сосема нови стандарди, навики и темели во областа на убавината и естетиката.

Сите мали корективни зафати за кои луѓето мораа да одат надвор од државата, веќе им беа достапни дома, со најсовремени апарати и материјали, на безбеден и професионален начин изведен исклучиво од стручни лица.

Оваа еволуција која Олгица ја направи токму пред 7 години, трае ден денес со постојан напредок во технолошки иновации и инвестирање во сѐ што нуди оваа област во светски рамки.

Promoitalia е семејство кое брои фантастични вработени, кои ја направија оваа компанија неверојатна.

Комплементарниот тим е постојано тука за сите клиенти во секое време, да одговори на сите нивни барања и прашања, сѐ со цел да ги задоволи сите нивни потреби. Стручноста во работата, амбицијата за напредок и тимските способности, се главните компоненти за успешно фунционирање сите овие години и за постојано растење кое се надополнува и надградува.

„Ние се инспирираме од нашите клиенти и имаме голема љубов кон тоа што го работиме. Поддршката ја добиваме секојдневно од сите наши клиенти и тоа дополнително нѐ мотивира” – изјави сопственичката на центарот Олгица.

За овој 7 ми роденден Олгица им се заблагодари на своите клиенти за довербата преку дарување на една комплетна пролетна трансформација за една личност.

Трансформацијата ја доби Сашка Димова 48 години, сметководител. Ова се резултатите кај Сашка кои се постигнаа за еден месец.

„Се чувствувам неверојатно , исполнето и среќно. Оваа промена разбуди кај мене една нова исполнета личност. Никогаш не мислев дека со неколку надворешни корекции ќе бидам толку внатрешно исполнета. Едноставно зрачам со позитивна енергија. Морам да потенцирам дека досега немам правено никаква корекција на мојот изглед и се ова за мене е едно ново искуство. Како за човек што не подлегнал под апсолутна никаква корекција, морам да признаам дека имав мала трема и бев скептик од резултатите но знаев дека сум во вистински раце па бев опуштена целиот овој период. Сакам најпрво да и се заблагодарам на Олгица за можноста, како и на целиот тим на Promoitalia кој беше до мене цел овој период. Сакам да ги охрабрам сите кои сметаат дека сакат нешто да корегираат, потенцираат или променат на својот изглед, да не чекаат и веднаш да го направат тоа, затоа што внатрешната сатисфкација е уште поголема и од физичката промена. Фала ви за овој момент на среќа ви посакувам уште многу години успех”. – изјави Сашка.

Го поздравуваме потегот и им честитаме за годишната и сите достигнувања, ова е еден одличен пример за корпоративен успех на една жена претприемач и им посакувааме уште многу успеси и во наредните години.

Среќна годишнина!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.