Нина Бадриќ прослави јубилеј: Погледнете ја необичната креација што ја избра пејачката (ФОТО)
Дали ви се допаѓа?
Поп-пејачката го прослави 50-от роденденот во друштво на голем број колеги и пријатели.
Нина Бадриќ ја раситни шестата деценија на 4 јули, и тоа со гламурозна роденденска забава на која присуствува многу познати личности. Пејачката блесна во бел краток фустан со голема необична декорација на торзото и кристални високи потпетици и ѓердан со кристали. Косата ја врза во ниско долго опавче.
View this post on Instagram
Некои од познатите фаци кои присуствуваа на прославата беа Јелена Розга, Петар Грашо, Сњежана Шилингер, Марија Хусар и Енис Бешлагиќ, а прославата продолжи до крајот на ноќта.
View this post on Instagram
Срцето ми е полно! Малку ќе ве бомбардирам со фотографии деновиве, но сакам овој прекрасен спомен да остане и тука“, напиша славеничката во описот на фотографиите што ги сподели на својот инстаграм-профил.
Судејќи од приложеното, навистина станува збор за прекрасна роденденска прослава, нели?
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм