Не ги поднесува, а има и зошто: Moдни парчиња кои Ана Винтур не сака повеќе да ги види
Мода
Ана Винтур, извршниот уредник на американското издание на магазинот Вог, е една од најмоќните жени во светот на модата. Таа ги диктира трендовите, им дава благослов на новите дизајнерски имиња и нејзиниот збор е закон во светот на модата.
Иако многумина долго време ја гледаа како страв и трепет, Ана со текот на годините многу повеќе се зближуваше со луѓето преку видео колумни на официјалниот Јутјуб канал на магазинот “Vogue”, во коj одговара на различни прашања од јавноста поврзани со модата.
View this post on Instagram
Дизајнерите сè уште го почитуваат мислењето на Ана пред да ги лансираат своите нови колекции, но таа сепак не успеа да застане на патот на еден многу распространет тренд што не и се допаѓа.
Станува збор за „логоманија“ која навистина зеде замав во последните години, па повеќето модни куќи лансираа разни парчиња облека и додатоци со истакнато лого или монограм на нивниот бренд.
View this post on Instagram
Таа пред неколку години ги пофали модните куќи Селин и Лоув за нивните дискретни и анти-бренд колекции, но во меѓувреме и тие подлегнаа на овој тренд.
Ана Винтур сè уште претпочита облека што нема ниту една од големите етикети на брендовите што ги носи, а никогаш не сме ја ни виделе во парчиња со масивни монограми.
На долг рок, дефинитивно е исплатлива модна филозофија бидејќи носењето парчиња со лого порано или подоцна повторно ќе излезе од мода и ќе се вратиме на облеката направена со подискретна маркетинг стратегија.
Коментарите се заклучени.