Меланија во центарот на вниманието: Дали ова издание ѝ прилега на првата дама? (ФОТО)

Што мислите вие?

Меланија Трамп за последната претседателска дебата на годинешните избори во Америка избра модел на фустан што сите сакаме да го имаме.

Темниот сако-фустан без ракави од модната куќа „Диор“, кој ја стеснува силуетата, ја акцентира половината и ја истакнува женственоста која на сите жени ни е добредојдена.

Овој безвременски модел на фустан првата дама на САД го спои со црни лаковани стилето-чевли од нејзиниот омилен бренд „Кристијан Лубутин“.

Меланија Трамп уште еднаш им го привлече вниманието на фотографите и модните критичари, а за тоа не ѝ беа потребни но дополнителни модни додатоци ни впечатливи бои. Многумина искоментира дека ова е едно од најдобрите издание на госпоѓата Трамп и дека црната боја одлично ѝ прилега.

 

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.