Меланија Трамп ги заменила капутите со феноменално пончо: Сите зборуваат за неговата цена!

Го искомбинирала со одлична чанта и чевли!

Првата дама одбрала долга пончо-ролка, изработена од најфиниот кашмир

Будно се следи секое нејзино појавување, особено поради модните комбинации кои се беспрекорни. Овој пат, за едно од патувањата со службениот хеликоптер, одбрала полежерна комбинација во потемни тонови.

Иако капутите се нејзината слабост, па би можело да се заклучи дека ги има во речиси секоја боја, должина и модел, овој пат Меланија Трамп направила мала отстапка.

 

За време на нејзиното заминување од Белата куќа со службениот хеликоптер, првата дама одбрала долга пончо-ролка, изработена од најфиниот кашмир, која асиметрично се спушта речиси до глуждовите.

Станува збор за скапоцена пончо со потпис на Салваторе Ферагама, чија цена изнесува околу 2.300 долари. Пончото од кашмир го искомбинирала со црни чизмички на Џанвито Рози, додека во рацете држела чанта на Ерме Биркин.

Косата и овој пат ѝ била пуштена, а очите ги сокрила со очила за сонце на Ив Сен Лорен.

И оваа комбинација на Меланија Трамп била беспрекорна, а американскиот претседател Доналд Трамп гордо ја држел за рака својата сопруга!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.